Нов кружен тек ќе ја замени крстосницата кај градската црква „Св. Никола“, во Штип. Целта на овој проект е поголема безбедност кај учесниците во сообраќајот, но и за останатите граѓи.
Со градежни активности ќе се започне во средината на месец август, а истите се очекува да завршат на почетокот на септември. За овој проект се превидени од 3 до 4 милиони денари, пари издвоени од буџетот на Општина Штип“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.