Американскиот претседател Џо Бајден денеска е во Полска, во градот Жешов, кој е на околу 100 километри од границата со Украина.

Тој се состана со членовите на 82-та воздушно-десантна дивизија, кои, заедно со полските сојузници, се дел од источното крило на Алијансата.

Бајден се дружел со војниците и разговарал со нив. Но, многумина ги воодушевил со правењето на „селфи“ фотографиите и јадењето пица.