среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАрачиново повеќе од 30 часа без струја – екипите на ЕВН биле...
spot_img

Арачиново повеќе од 30 часа без струја – екипите на ЕВН биле нападнати од жителите

Во Арачиново заедно со селата Орланци и Мојанци повеќе од 30 часа немаше струја. Градоначалникот Ридван Ибраими вели дека според неговите информации станува збор за технички дефект кој не се санира со потребната брзина.

Арачиниово и Мојанци повеќе од 30 часа без струја
Во Арачиново заедно со селата Орланци и Мојанци повеќе од 30 часа немаше струја. Градоначалникот Ридван Ибраими вели дека според неговите информации станува збор за технички дефект кој не се санира со потребната брзина.

Од ЕВН хоум велат дека во општината дошло до голем дефект како резултат на преоптоварување на трафостаниците поради незаконско користење струја од страна на жителите, јавува ТВ21.

„Во Арачиново нашите екипи многу често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на мештаните, со што во целост им се оневозможува работењето. За да се работи мора да се создадат услови за нормално работење, како за дефекти така и за реконструкција и модернизирање на мрежата. Сѐ додека не постојат нормални услови за работење и има спречување во работата, нема да постои можност за санација“, велат од ЕВН хоум.

Преку Фејсбук реагираше и градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими. Тој напиша дека иако не е под негова надлежност, постојано ги повикува неговите сожители да ги плаќаат сметките за струја. Ибраими изрази подготвеност да ѝ помогне на ЕВН и заедно да излезат на терен.

„И покрај тоа што ова прашање не спаѓа под надлежност на општина Арачиново, подготвени сме заедно со месните заедници од населените места на општина Арачиново, со претставниците на ЕВН и полицијата, да излеземе во терен и еднаш засекогаш да го решиме настанатиот проблем – проблемот со електрична струја“, порача Ридван Ибраими.

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра, објави пред седум дена МКД.мк. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ