петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАНКЕТА: Најголем проблем во Македонија е економијата, на второ место криминалот и...
spot_img

АНКЕТА: Најголем проблем во Македонија е економијата, на второ место криминалот и корупцијата

Најголем проблем во Македонија е економијата и стопанската неактивност, а на второ место е криминалот и корупцијата, покажуваат резултатите на анкетата на порталот Мкд.мк.

43% односно речиси половина од испитаниците сметаат дека најголем проблем е економијата, а 26, 7 % од испитаниците се изјасниле дека најголем проблем е нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата.

Само 14 % од испитаниците сметаат дека МАкеоднија се движи во позитивна насока, а високи 55% сметаат дека земјата оди во негативна насока.

Во споредба со претходното истражување од февруари, зголемен е бројот на испитаници кои ја посочиле корупцијата како најголем проблем. Се зголемил бројот и на испитаници кои ја посочиле блокадата со Бугарија како најважен проблем со кој се соочува нашата земја.

Најголем дел или 79,8% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.

На прашањето Дали верувате дека Македонија ќе стане членка на ЕУ?

Само  (30,2%) сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, додека 49,9% сметаат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ. Од оние испитаници кои сметаат дека Македонија ќе стане членка, приближно две третини или 60,3% сметаат дека тоа ќе се случи во следниве 10 години.

Испитаниците од македонска етничка припадност се побројни во однос на испитаниците од албанска етничка припадност кои веруваат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ.

Мал процент од 18% оекуваат подобрување на животниот стандард со премиерот Димитар Ковачевски. 19 % пак,  очекуваат Владата до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата.

За тоа која политичка партија има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма за Македонија, 13,5% од испитаниците сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ очекувањата се кај 8,3 отсто од испитаниците, а од ДУИ – 5,1 %.

Во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 го поддржуваат 59,4% од испитаниците. Само 12,9% сметаат дека проектот кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ не е коруптивен, додека нешто повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека е подобро овој проект да не се гради под вакви услови.

Анкетата беше спроведено од 5 до 16 јуни со телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници.

Според анкетата на порталот Мкд. Мк, двојно е водство на ВМРО -ДПМНЕ во однос на СДСМ. Граѓаните доколку утре би бирале премиер , двојно повеќе му веруваат на Христијан Мицкоски отколку на Димитар Ковачевски.

На прашањето за која партија ќе гласате на следните избори,  22 отсто од оние што би излегле на гласање и  се определени  би дале предност на ВМРО-ДПМНЕ, додека  11, 5 % за СДСМ. Глас за ДУИ би дале 9,2 отсто од определените гласачи.  Доколку утре се одржат избори 56,8% би излегле на гласање, а  повеќе од 43 отсто од гласачите одговориле дека нема да гласаат, не знаат за кого ќе гласаат или дека ќе го поништат ливчето.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ