среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАнгелов: Ако францускиот предлог ѝ нанесува штета на државата спремен сум да...
spot_img

Ангелов: Ако францускиот предлог ѝ нанесува штета на државата спремен сум да поднесам оставка

„Достоинство има различен став со СДСМ за можноста за прифаќање на т.н. модифициран француски предлог во кој се прифатени повеќето непринципиелни и нечесни барања на Бугарија кон Македонија, посебно кон нас Македонците“, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на партијата и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„Мене лично особено ме иритира тоа што убедливо мнозинство Бугари, од кои повеќето сакаат да се прикажуваат како наши браќа, даваат неспорна поддршка на бугарскиот Парламент и бугарската Влада за блокадата на Македонија на патот кон ЕУ. Барем така кажуваат честите анкети за испитување на јавното мислење во Бугарија.

Претпоставувам тие се свесни дека со оваа блокада директно ги оневозможуваат придобивките за Македонија кои би се појавиле со самиот почеток на преговорите со ЕУ. На тој начин бугарските граѓани посредно, преку нивниот Парламент и Влада, придонесуваат Македонците и сите македонски граѓани да живеат полошо отколку кога Македонија би добила датум и би ги започнала преговорите со ЕУ.

Во секој случај, доколку нашиот јасно изграден став за т.н. модифициран француски предлог ѝ нанесува неприфатлива штета на Владата, подготвен сум да ја понудам мојата оставка на позицијата директор на Центарот за управување со кризи, а со тоа и на позициите раководител на Главниот штаб за управување со кризи, раководител на Групата за процена и член на Управувачкиот комитет.

Во спротивно, Достоинство и понатаму останува дел од владејачката коалиција задржувајки го правото на јавно искажување на различни ставови за одредени општествени настани, процеси или состојби, додека јас како владин функционер и понатаму максимално професионално ќе продолжам да го предводам кризниот менаџмент“, пишува Ангелов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ