сабота, април 13, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАЛАРМ: Можно одземање на бугарските пасоши
spot_img

АЛАРМ: Можно одземање на бугарските пасоши

Сакаме да ја елиминираме од пазарот продажбата на бугарско државјанство. Ова го изјави министерката за правда на Бугарија, Надежда Јорданова при претставувањето на предлог-законот пред Министерскиот совет за укинување на ,,златните пасоши“, јави репортерот На проруската БГНЕС

,,На Ваше внимание, Советот на министри (Влада) предлага за одобрување предлог-закон кој е исклучително важен и од гледна точка на нашето општество и од гледна точка на довербата на нашите партнери од ЕУ и од САД. Проблемот што предлагаме да го решиме е да се елиминира можноста луѓето кои немаат постојана врска со Бугарија, кои дури и не живеат постојано во земјата, да станат бугарски државјани на брз пат, но со ова и граѓани на ЕУ“, изјави Јордан Цонев

,,Заштитувајќи го нашиот национален интерес, елиминирајќи ја оваа можност, ќе го заштитиме интересот на ЕУ и ќе ја зголемиме довербата на нашите партнери”, додаде министерот за правда

Таа рече дека ЕК во 2019 година го покрена ова прашање, а во 2021 година повторно го направи. Истото го направија и САД, но владата на ГЕРБ и ВМРО БНД не сакаа да земат трајно решение. Новата Влада сериозно размислува за опцијата за одземање на бугарски пасоши на тие кои имаат добиено на база на изјава за бугарско потекло, а не живеат постојано во Бугарија

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ