петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАбази не се познавал со Али: Од исто село сме, но не...
spot_img

Абази не се познавал со Али: Од исто село сме, но не знам дали сум се сретнал со Ахмети!

Новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, се појави пред новинарите за првпат после добивањето на оваа функција.

Наследникот на Вилма Рускоска запрашан дали се знаат со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече:

„Дружењето со тие лица не е забрането. Тоа е непристојно во смисла ако има непристојно дружење. Можеби сме се сретнале со Ахмети, но лични контакти немам“.

Абази истакна дека не е член на ниту една политичка партија, со оглед дека има шпекулации за негова блискост со ДУИ.

„Јавно обвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија. Према тоа никој пат не сум бил ниту пак сум член на било која политичка партија ниту сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија“, кажа новиот шеф.

На обвинителот Ислам Абази му е предизвик да работи како шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција, рече пред новинарите. Се заблагодари за гласовите и кажа дека за него се мотив за професионално да раководи. Тој беше избран со 66 гласови, а право на избор имаа 163 обвинители.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ