петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеВитаминот Ц може да го намали ризикот од различни видови рак
spot_img

Витаминот Ц може да го намали ризикот од различни видови рак

Предностите од исхраната богата со витамини се веќе познати, а ново истражување покажа дека консумирањето одредени витамини може да го намали ризикот од различни видови рак, пишува Eat This, Not That.

Истражувањето е објавено во Frontiers in Nutrition, а резултатите покажаа дека витаминот Ц е поврзан со понизок ризик од развој на 11 различни типови болести: рак на мочен меур, рак на дојка, рак на матка, рак на хранопровод, рак на желудник, рак на бели дробови, рак на панкреас, рак на простата, рак на бубрежни клетки, како и тумори на вратот на матката и глиом.

Земањето витамин Ц е поврзано со намалување на шансите од заболување од рак. Студијата анализирала резултати од 3.562 членови кои ја испитувале поврзаноста на земање витамини и веројатноста од развој на различни видови рак.

Нутриционистот Гејл Мајер истакна дека во многу студии вклучени во оваа анализа не е јасно од каде учесниците на истражувањето добивале витамин Ц – од храна или од суплементи.

„Често суплементите на витамини и минерали немаат исти предности како консумирањето нутриенти кои се дел од храната. Витаминот Ц доаѓа од овошјето и зеленчукот кои содржат влакна и безброј други витамини, минерали, антиоксиданси и хемикалии кои придонесуваат за нашето здравје на различни начини“, вели Мајер.

Најдобар начин за намалување на ризикот од канцер е консумирањето здрави намирници кои вклучуваат чисти протеини, житарки од цело зрно, многу зелен лиснат зеленчук, овошје и ограничен внесување на преработена храна.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ