Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.