сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаСпортНаградени најдобрите спортисти и клубови на Штип
spot_img

Наградени најдобрите спортисти и клубови на Штип

Борачот, Владимир Егоров, кој седум години ги брани боите на БК „Балканец”, воедно е државен и европски првак е прогласен за спортист на годината на Општина Штип за 2022 година, а каратиската Бојана Манева за најуспешна жена спортист за 2022 година, која е и државен првак во карате.

Од 78 пријавени спортисти, Комисија за избор на спортист на годината ги селектираше најуспешните 17 активни спортисти од категориите пионери, кадети, младинци и сениори, а награди и признанија добија сите оние кои се истакнале по својот активен придонес за спортот во Општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека спортските успеси oсвен што се круна на напорната работа на спортистите, тие се гордост на сите нас кои ги поддржуваме и бодриме.

-Нека овие признанија ви бидат мотив за уште поголеми успеси и достигнувања во иднина,а на останатите мотивација оваа година да бидат подобри од претходната. Горд сум што Општина Штип дава поддршка и има значаен удел во голем број спортски достигнувања и успеси,затоа и оваа година ќе одвоиме 16 милиони денари со кои ќе дадеме поддршка и мотивација на спортските клубови и спортистите да продолжат со макотрпната работа и во иднина да продолжат да нижат уште поголеми успеси, вели Јорданов.

Посочи дека минатата година општината има инвестирано во нови спортски игралишта, со цел младите да се мотивираат и да имаат услови за спортување.

-Ние како Општина ќе останеме постојани партнери на спортот и младите, бидејќи спортот зазема значајно место во секое развиено општество учејќи ги најмалдите на вистинските вредности, на тимска работа, меѓусебна почит, споделување на победи но и прифаќање на поразите.

Упатувам честитки до сите спортисти кои изминатата година го претставуваа градот,до клубовите, до тренерите и до семејствата кои ја даваат својата несебична поддршка за овие млади луѓе професионално да се развиваат, вели Јорданов. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ