петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтип распиша јавен повик за парична поддршка на спортски клубови, здруженија и...
spot_img

Штип распиша јавен повик за парична поддршка на спортски клубови, здруженија и институции

Општина Штип годинава ќе додели 16 милиони денари за спортски клубови, здруженија и институции, објави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

-Општина Штип распиша јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Штип и спортски манифестации кои се одржуваат на тeриторија на Општина Штип. Средствата се во вредност од 16.000.000,00 денари обезбедени од Буџетот на Општина Штип и ги повикуваме и охрабруваме сите оние кои во изминатиот период постигнале резултати да се пријават на овој повик, рече Јорданов.
Забележа дека Општина Штип во изминатиот период се гордее со секоја победа и секој успех од областа на спортот, затоа што, како што посочи, Штип е град од кој потекнуваат врвни и афирмирани спортски имиња.

– Во текот на минатата година како Општина инвестиравме во уредување, реконструкција и изградба на спортско рекреативни игралишта со нови и специјализирани тартан подлоги, вештачка трева, спортски и детски реквизити, заштитни огради, како и целосно лед осветлување на истите, нешто кое ќе го продолжиме и оваа година, рече Јорданов.

Порача дека како локална власт ќе останат  постојани партнери на спортот и младите, бидејќи спортот зазема значајно место во секое развиено општество, учејќи ги најмладите на вистинските вредности, на тимска работа, меѓусебна почит, споделување на победи но и прифаќање на поразите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ