петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаТројца охриѓани го претепале секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети”
spot_img

Тројца охриѓани го претепале секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети”

Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР.

-Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час тој ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за емисијата BulgariaOnAir.

Според него, состојбата на претепаниoт не е добра.

Ковачев потсети дека пред само неколку дена во медиумите на РСМ беа дистрибуирани фотографии од оние кои учествуваа во прославата на Мара Бунева со повик „да им се згорчи животот“. „Османи ми рече дека сите тројца напаѓачи се идентификувани. Тие не можат да останат неказнети. Предметните млади ги учеле на училиште дека Бугарите се фашистички окупатори и асимилатори.

Дознав дека едно од момчињата е спортист кој освоил некоја титула. Знаеме и кои се тие формации – противници на клубот“, резимира Ковачев, додавајќи дека синоќа тој се обидел да разговара со истепаното момче, но не успеал, бидејќи жртвата е скршена вилицата. Случајот со нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид го потврди и македонското МВР, од каде излегоа со соопштение за настанот: Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид.

Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. – Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, појасни за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Нападот во полиција бил пријавен околу 22 часот и 30 минути. Известен бил јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ