петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаГир со уцена до Македонија: Ако не се направат уставните измени, ќе...
spot_img

Гир со уцена до Македонија: Ако не се направат уставните измени, ќе има застој во процесот на преговори за влез во ЕУ

Процесот на скрининг напредува добро и стручните лица се добро подготвени. Но тоа не е доволно. Во процесот на евроинтеграција важно е спроведувањето на реформите и тука улога имаат повеќе чинители, но главната работа е на Владата, порача евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Гир при посетата на Охрид кажа дека во извештајот на Европската комисија се наведуваат реформите кои треба да се спроведат, а за тоа која е „најприоритетна“ треба да одреди Владата.

– Но треба да се знае дека во преговорите се отвораат фундаменталните прашања и тие се отворени во текот на целиот процес и ги вклучуваат борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото, зајакнување на администрацијата и почитување на човековите права и слободи – изјави Гир.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој не коментираше што ќе се случи ако власта не обезбеди двотретинско мнозинство, бидејќи, како што кажа, не може да се меша во внатрешните работи на земјата. Сепак, потсети дека уставните измени произлегуваат од договорот на кој се обврза државата со Бугарија.

Според Гир, државата има добра историја на меѓуетнички односи и се надева дека ќе допнесе одлука со која истите ќе ги зајакне.

– Со тоа не се поткопува идентитетот. Идентитетот не се губи на патот кон ЕУ – рече Гир.

Притоа евроамбасадорот потсети дека ако не се направат уставните измени, ќе има застој во процесот, но рече дека не би коментирал што ќе се случи. Истовремено потстети дека е важно државата да се фокусира на реформите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ