петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВреме да покажеме зошто сме ракометна нација: Македонија денес трга во „берба“...
spot_img

Време да покажеме зошто сме ракометна нација: Македонија денес трга во „берба“ на лалињата

Репрезентацијата на Македонија денес го игра вториот натпревар на Светското првенство 2023, кое се одржува во Полска и Шведска.

Ривал на Македонија ќе биде репрезентацијата на Холандија, која е во подем, репрезентација која што на Европското првенство 2022 беше едно од изненадувањата освојувајќи ја 10. позиција.

Се очекува македонската репрезентација и на денешниот натпревар да има голема поддршка од трибините во „Таурон Арена“ во Краков, така што избраниците на Кире Лазаров ќе имаат мотивација повеќе да го остават срцето на терен и да се изборат за поволен резултат против селекцијата на Штафан Олсон.

Во првото коло, нашата репрезентација беше убедливо поразена од Норвешка, додека „лалињата“ целосно ја надиграа Аргентина и обезбедија два лесни бода на свое конто.

Освен дуелот меѓу Македонија и Холандија, денес ќе бидат одиграни уште седум натпревари на Мундијалот. Во групата Ф, во која се наоѓа и Македонија, ќе играат Норвешка и Аргентина. Голем фаворит на овој натпревар е скандинавската селекција.

Денес со три натпревари во Лигата на шампионите во женска конкуренција ќе биде комплетирано 11. коло. Свој настап ќе имаат двете интернационалки од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, кои со Коњалти ќе бркаат пласман во четвртфиналето во Европскиот Куп.

На сите натпревари од Мундијалот можете да се обложувате во спортските обложувалници Моцарт.

ДЕНЕСКА НА СП:

18:00 МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА

18:00 БЕЛГИЈА – ТУНИС

18:00 ЕГИПЕТ – МАРОКО

18:00 ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА

20:30 ДАНСКА – БАХРЕИН

20:30 ХРВАТСКА – САД

20:30 КАТАР – АЛЖИР

20:30 НОРВЕШКА – АРГЕНТИНА

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ