петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСветОва е Зен, кучето кое загина од петарди, доживеало застој на срцето
spot_img

Ова е Зен, кучето кое загина од петарди, доживеало застој на срцето

Кучето Зен почина синоќа во Осиекод застој на срцето поради страв од петардиЗдружението С-ПАС, кое се грижело за несреќното куче, утринава на својата фејсбук-страница објави дека Зен доживеал срцев удар поради петардите во текот на синоќешната прослава на Новата година.

„Не ми се верува дека ова е првата објава што ја објавуваме во новата година. Кој и да си, твоето викање, пукање, болно фрлање петарди часови пред и по полноќ одзеде еден живот. Почна со треперење и кочење, тресење, а заврши со застој на срцето кај ветеринарот. Благодарност до ветеринарите од Осиек што се обидоа да го вратат во живот“, беше објавено на веб-страницата на здружението.

„Скршени сме, поради проклетото пукање, поради малку болна забава, смртно одзедовте еден живот. За кој знаеме. Којзнае колкумина надвор загинаа само од страв“, додале во објавата на Фејсбук.

Човекот кој го чувал кучето се обидел да му помогне, како и ветеринарот кога пристигнале во Брзата помош, но немало начин да го спасат.

Оваа тажна ситуација ја потврдила и Глорија Малин, основач на здружението, која ја повикал човекот кој го чувал Зен, бидејќи не знаел повеќе како да му помогне, пишува хрватски „Јутарњи“. Кога почнало пукањето, кучето не сакало да излезе надвор да изврши нужда ниту да јаде, само се сокрило во кутијата и се тресело.

Неговата состојба со текот на времето само се влошувала, а кога јазикот му посинел и зениците му се рашириле, веднаш го однеле кај ветеринар, но само што пристигнале на паркингот на ветеринарската амбуланта, срцето на Зен престанало да чука.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ