петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотСојузот на средношколци повикува да се спроведе мерката бесплатни производи за менструална...
spot_img

Сојузот на средношколци повикува да се спроведе мерката бесплатни производи за менструална хигиена

Сојузот на средношколци со жалење констатира дека средношколките во Скопје оваа година не ги добија ветените бесплатни производи за менструална хигиена. Иако оваа мерка беше широко поддржана од целокупната јавност, таа не се спроведе во текот на 2022 година.

Ја известуваме јавноста дека многупати се случувало средношколките сами да се организираат за да донесат производи за менструална хигиена во средните училишта. Имајќи предвид дека производите за менструална хигиена не се никаков луксуз, туку апсолутно насушен продукт, Сојузот на средношколци го поддржува принципот истите да се нудат бесплатно во средните училишта низ цела Македонија – и секако, конректната мерка во Градот Скопје.

Сојузот на средношколци го поздравува двојното зголемувањето на буџетот за бесплатни производи за менструална хигиена за 2023 година во Скопје и ги повикуваме градските институции да ја спроведат оваа мерка, која е против т.н. розева такса. Час поскоро треба да се спроведе најавеното намалување на стапката на ДДВ за производите за менструална хигиена на државно ниво.

Ги повикуваме сите одговорни лица да преземат конректни полиитки за намалување на менструалната сиромаштија кај средношколките. Повикуваме на политички консензус, особено кај политичарките, и бараме итно спроведување на ветените бесплатни производи за менструална хигиена во средните училишта во Скопје.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ