сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотИнспекторите со демант до Владата: Се уште нема намалување на цените на...
spot_img

Инспекторите со демант до Владата: Се уште нема намалување на цените на прехранбените производи низ маркетите во Македонија

187 компании од прехранбената индустрија веќе деветти ден произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегават. Оваа мерка Владата ја најави како нешто што ќе ги намали екстремно покачените цени на прехраната. Сепак, инспекциите покажале дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.

Поосетно намалување засега немаме, признава на ТВ24 директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Најпогодените, граѓаните, реагираат дека ова е само замајување и дека цените не само што не се намалија, туку цените на некои производи дополнително се зголемија, за со поскапување да се глуми поевтинување.

Производителите, пак, се правдаат дека овие производи се направени од суровини, кои се набавени пред 1 декември и мерката за повластена струја, па затоа цените се уште не се намалени.about:blank

Во истата дебатна емисија, Сашо Дукоски, потпретседател на ССК вели дека токму поради ова, за некои производи ќе треба да поминат и до 90 дена за да се намалат.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ