четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВладата се пофали: Секој ученик добива пакетче со 4 килограми убави свежи...
spot_img

Владата се пофали: Секој ученик добива пакетче со 4 килограми убави свежи македонски јаболка

Започнавме една нова приказна, која на мое задоволство наиде на голема поддршка од јавноста. Преку програмата за откуп на свежо овошје, вршиме откуп на 743.000 килограми наши домашни јаболка, и ги дистрибуираме до 350 основни училишта ширум државава односно до 186.000 ученици, изјави утрово министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Според него, со овој проект секој ученик добива пакетче од 4 кг убави свежи македонски јаболка.

-Досега се испорачани околу 370 тони јаболка, а очекувам до 15-ти декември успешно да заврши целата дистрибуција до секое училиште до секој еден ученик.И не застануваме тука, веќе во следната 2023 продолжуваме со оваа програма, но покрај јаболката ќе опфатиме и други видови овошје, зеленчук, млеко и млечни производи кои исто така ќе бидат дистрибуирани до основни училишта како здрава ужинка за секое дете, рече Николовски во емисијата „Утринска на Телма“.

Министерот посочи дека крајна цел е оваа програма да прерасне во еден поголем, посеопфатен проект, во кој откупените домашни земјоделски производи ќе може покрај основните училишта да ги добиваат и здравствените установи, детски градинки, припадниците на безбедносните сили, полицијата и армијата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ