четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЕвакуација на Народна бомба - дојави за бомби и во девет средни...
spot_img

Евакуација на Народна бомба – дојави за бомби и во девет средни училишта

Девет средни скопски училишта добиле дојави за поставен експлозивна направа. Освен училишта, денеска пријава за бомба добила и Народната банка.

Од МВР за Прес24 велат дека веднаш по добиената пријава, полициски службеници презеле мерки за расчистување на случаите во скопските училишта.

-Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Инаку, засега само еден малолетник доби кривична пријава за тероризам кој инспириран од претходните пријави, дојавил дека е поставена бомба во училишта. МВР мака мачи да ги најде лицата кои речиси еден месец пријавуваат наводни експлозивни направи во школите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ