четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо Штип се одржа марш за борба против насилството врз жените
spot_img

Во Штип се одржа марш за борба против насилството врз жените

Со марш од општинската згрaда до Градскиот плоштадот „Слобода” во Штип и назад, почна кампањата за борба против насилство врз жените и децата.

Со транспаренти „Нема оправдување” „Стоп за насилството” „Да се обединиме” вработени во јавната администрација, советници во Советот на Општина Штип, преставници од невладини организации, ученици и граѓани беа дел од маршот, со цел да се спречи семјното насилство и насилството врз жени и девојки.

Во рамки на кампањата денеска сме овде заедно со еве сите други релевантни институции, здруженија, граѓански организации да дадеме декларативна поддршка дека треба гласно да зборуваме, не смее семејното насилство да се прикрива. Мора гласно и институционално да си даваме поддршка сите релевантни институции вклучувајќи ги овде Општина Штип, полицијата, обвинителството, судството со цел да се подигне свеста, но и ефикасноста на институциите во намалувањето на оваа појава, рече градоначалникот на Општина Иван Јорданов.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ