четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈорданов: Селективност нема да има, ќе биде покрената дисциплинска постапка за секој...
spot_img

Јорданов: Селективност нема да има, ќе биде покрената дисциплинска постапка за секој што ја злоупотребил својата службена положба

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска излезе на увид за случајот кој вчера го привлече вниманието на штипската јавност.

Имено, СДС обвини дека секретарката на општина Штип, Вишна Шорова гради без дозвола, па побара одговор од Јорданов и обвини за селективност.

Јорданов не чекаше долго, уште денеска излезе на терен, истакнувајќи дека селективност нема да има за било кого, најавувајќи истрага за овој настан.

„Лимот и настрешницата се отстранети, нема да има опростување на било кое лице кое се дрзнало да ја злоупотреби својата службена положба, а дополнително ќе биде покрената и дисциплинска постапка. Во Штип постојат неколку дивоградби кои се изградени на државно земјиште во мандат на претходните градоначалници од СДС, а кои се заштитени од централната власт, иако штипските инспектори покренале соодветна постакпка за нивен прекин и одземање на дозволата,“ истакна Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ