среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСуспендирани двајцата затворски полицајци на кои им побегна осуденик од КБ Штип
spot_img

Суспендирани двајцата затворски полицајци на кои им побегна осуденик од КБ Штип

Дициплински мерки добија двајцата затворски полицајци на кои пред неколку дена им избега затвореник од Клиничка Болница – Штип. Директорот на затворот, Мики Тодоров истакна дека се до донесување на правосилната одлука, затворските полицајци ќе бидат суспендирани.

„Против двајца затворски полицајци за бегство кое се случи од КБ Штип каде по претходно закажан операциски зафат осуденото лице неколку дена беше на болнико лекување се водат две дисциплински постапки. Припадниците проив кого е поднесена дисциплинската постапка се суспендирани се до донесување на правосилна одлука“ – кажа Тодоров.

Дисциплински мерки се поднесени и за други двајца затворски полицајци. Според информации на М-Нет телевизија тие непристојно се однесувале во угостителски објект за време на работа, а истото го потврди и директорот Тодоров.

„Секое неправилно работење и непочитување на работните обврски носи дисциплинска одговорност. За повреда на службена должност припадникот на затворска полиција одговара дисциплински. Во моментот во КПУ Затвот Штип се водат две одделни дисциплински постапки. Првата е за непристојно однесување на припадникот на затворска полција при вршење на работа и работни задачи, а втората е за не извршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење извршување на работните задачи“ – додаде Тодоров.

Според директорот секое непочитување на работните задачи завршува со дисциплински ппостапки и ова не е само во КПУ Затвот Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ