петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаИронија на деценијата: Штајнмајер го посети Кавадарци со „Мерцедесот од Груевски”!
spot_img

Иронија на деценијата: Штајнмајер го посети Кавадарци со „Мерцедесот од Груевски”!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денес попладне дојде во Кавадарци, а посетата била резултат на германските инвестиции во градот.

Тој пристигна со луксузниот мерцедес од речиси 600.000 евра, а за кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор, за примање награда и противзаконито влијание за случајот ,,Тенк”, а за истиот случај началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски доби 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пак, беше осудена на 6 години затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ