сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДве нови машини за чистење снег од тротоари доби Општина Штип преку...
spot_img

Две нови машини за чистење снег од тротоари доби Општина Штип преку хуманитарецот Александар

Две нови машини за чистење снег од тротоари, како донација доби Општина Штип. Имено, со помош на големиот штипски хуманитарец Александар Горгиевски, во периодот кој следи тротоарите во Штип ќе се чистат на многу полесен начин. Преку негов личен пријател и сограѓанин Маријан Попадинов, кој моментално живее и работи во Швајцарија обезбедени се овие машини. Истите денеска пристигнаа во Штип и во координација со штипскиот градоначалник Иван Јорданов се предадени на ЈП Исар. Ова е прва донација од ваков тип за градот под Исарот, но како што додаде Горгиевски не и последна. Се очекува до крајот на годината да пристигнат уште три вакви машини со што ќе се олесни начинот на работа и чистење на тротоарите од снег на јавните претпријатија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ