Нашиот град, за прв пат после 20 години ќе добие кино!
Заедно со Киноверзум, кој прераснува во единствениот македонски ланец на кина ќе го оствариме сонот на штипјани – да имаат можност да следат филмски проекции во сопствениот град.
Современата технологија која ќе се инсталира, ќе овозможи прикажување на најновите холивудски и европски филмови во просториите на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип.
Општина Штип и Киноверзум ќе донесат урбана свежина во социјалното живеење во нашиот град!