петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПревозниците на протест пред ЈСП: Срам да и е на Данела Арсовска,...
spot_img

Превозниците на протест пред ЈСП: Срам да и е на Данела Арсовска, не остави без леб!

Нѐ оставија без леб. Не можеме да однесеме леб дома. Знаете што значи тоа! Чесни луѓе кои сами инвестиравме, самите се вработивме и погледнете што сака да ни направи, нема да го дозволиме тоа! Срам да и е на градоначалничката! – рече Кемал Муриќ кој говореше во името на превозниците пред централата на ЈСП Скопје, каде што очекуваат прием од директорот на ЈСП, Александар Стојковски.

Како што изјави Муриќ, тие се чесни луѓе кои самите инвестирале во сето она што го имаат, самите се имаат вработено, редовно плаќаат даноци, а сега се во оваа ситуцација, па некои од нив плата немаат земено повеќе месеци.  вработивме, редовно плаќаме даноци а сега се доведовме во ситуација, некои од нас да немаат земнено плата и шест месеци.

Петти ден приватните превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг на Јавното сообраќајно претпријатие кон нив, а денеска ќе одржат и мирен протест пред централата на ЈСП, а потоа ќе остварат средба со сите советнички групи на Советот на Град Скопје за изнаоѓање решение на проблемите со кои се соочуваат.

Тие вчера беа обвинети од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска дека од 2017 година наплаќале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по 400 илјади евра од ЈСП секој месец. Во демант на таквите обвинувања превозниците порачаа дека воопшто не се вклучени во наплатата на билети.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ