сабота, декември 10, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаВо време на енергетска криза, Општина Штип со најголема заштеда на електрична...
spot_img

Во време на енергетска криза, Општина Штип со најголема заштеда на електрична енергија – Дури 72% помалку во однос на лани (ФОТО)

Три општини во државава, во време на енергетска криза, успеале најмногу да заштедат струја во однос на останатите низ Македонија. Станува збор за Општина Новаци со 76 проценти, следува Општина Штип со 72 проценти и Општина Сопиште со 70 проценти.

Општина Штип уште еднаш докажа дека ги задржува финансиските средства предвидени за капитални инвестиции, затоа што граѓаните секогаш се на прво место!


Зголемувањето на потрошената струја во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, имало во Арачиново за 474 проценти, што значи дека потрошувачката е речиси 5 пати поголема.

Во Студеничани зголемувањето е 11 проценти, а во Лозово е 12 проценти. – Од 81 општина , 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од нив 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 проценти.

Шеснаесет општини не успеале да заштедат повеќе од 15%, а само три имале поголема потрошувачка во 2022 – рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција. На новинарско прашање дали ќе има казни за тие што не штеделе струја, тој рече дека за општините има само препорака за заштеда на струја од само 15 проценти, потенцирајќи дека има поделеност меѓу централната и локалната власт.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ