петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsОпштина Штип ќе им помага на компаниите кои сакаат да градат фотоволтаични...
spot_img

Општина Штип ќе им помага на компаниите кои сакаат да градат фотоволтаични централи

Поради големиот интерес на приватните инвеститори за изградба на фотоволтаични централи, општина Штип започна со постапка за изработка на урбанистичко планска документација со која се предвидуваат градежни парцели, кои подоцна по пат на јавно наддавање да бидат понудени на заинтересираните субјекти. Се работи за две локации во околината на Штип, со површина од 155 ха.

Едната локација се наоѓа во катастарска општина Чардаклија и е со површина од околу 40 ха, а втората локација се наоѓа во КО Ново Село и е поголема, односно е со површина од 115 ха, изјави Лазе Хаџиниколов, одделение за урбанизам – ЛС – Штип.

Фотоволтаични централи се градат на земјиште со полош квалитет. Најмалите се со моќност од 1 магават, а најголемата е со капацитет од 8 мегават часови електрична енергија.

До сега општина Штип има издадено околу 20 одобренија за градење на фотонапонски панели што се поставуваат на земјиште. Исто толку постапки има и за донесување на урабанистиочко планска документација со која ќе се предвиде изградба на ваков тип објекти, кој што се финансирани од страна на приватни инвеститори кои се и сопственци на земјиштето, додаде Хаџиниколов.

Со новите измени на Законот за градба, објектите во кои се стопанисува со лесна незагадувачка индустрија, а се бесправно изградени на крововите ќе можат да постават фотоволтаични панели со моќност до 40 киловат часови електрична енергија и да бидат легализирани. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ