четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЖан Митрев со демант: Не ја продавам клиниката
spot_img

Жан Митрев со демант: Не ја продавам клиниката

Клиничката болница Жан Митрев целосно ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на извесен бизнисмен од Република Албанија.  

Шпекулативните, нарачани и тенденциозни објави за продажба на Клиниката Жан Митрев, имаат јасна интенција, но укажуваме дека под никаков притисок Клиниката нема да биде ставена на продажба, велат од оваа здравствена устаннова.

„Официјален и единствен сопственик е д-р Жан Митрев, кој и покрај обидите за дискредитација и црна кампања со цел да се наштети на клиничката болница Жан Митрев и стручниот тим од доктори и медицински лица во изминатиот период, ја води оваа болница и ќе продолжи да раководи со истата транспарентно и одговорно како што и било пракса во изминатите 22 години постоење на Клиничката болница Жан Митрев“ – се вели во соопштението

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ