сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаСветБедно и срамно: Ученици ставиле сперма во јадењето на наставничката, ја гледале...
spot_img

Бедно и срамно: Ученици ставиле сперма во јадењето на наставничката, ја гледале како го јаде!

Двајца средношколци признаа дека ѝ подметнале семена течност во храната на нивната наставничка. Инцидентот се случил во мај во средно училиште во Филаделфија, а учениците од 8 одделение биле дел од час каде професорите ја пробуваат храната која тие им ја подготвиле.

Двајцата ученици го снимале моментот кога ѝ ставиле сперма во храната, која наставничката потоа ја јаде. Подоцна го споделиле видеото на социјалните мрежи, а пред судијата кажале дека идејата ја виделе на „Јутјуб“.

Несреќната наставничка се шокирала откако ја дознала вистината.

„Бев запрепастена. Како е можно некому воопшто да му падне тоа на памет? Немав одговор на тоа прашање, само седев во шок? Зошто? Зошто мене? Се чувствував нападната, раскажала таа, додавајќи дека првото нешто што го направила било тест за полово преносливи болести“.

Учениците се извиниле, а училиштето ги суспендирало, 10 дена 15-годишникот, а пет за 14-годишниот ученик. Тие добија по 30 дена во затвор за малолетници и 100 часа општествено-корисна работа. Исто така, ќе мораат да посетуваат психолог, кој пак им даде задача да ѝ напишат писмо на својата наставничка.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ