петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЗима нема да има - Еве какво време не чека до крајот...
spot_img

Зима нема да има – Еве какво време не чека до крајот на годината?!

Повеќе дожд и релативно високи температури кои одат над просекот ќе не следат до крајот на оваа календарска година.

Уште од утре се најавува наоблачување кое ќе донесе врнежлив викенд. Облаците ќе го покријат небото и поради тоа температурите ќе бидат релативно високи, односно утринските ќе бидат околу 8 до 9 степени а дневните во некои денови ќе достигнат и 18 степени.

Некаде на почетокот на идната недела ќе има разведрување и тоа ќе ги спушти температурите на околу нула наутро и до максимални 12 во текот на денот.
До крајот на ноември повторно ќе имаме врнежи од дожд кои ќе бидат тука и во последниот викенд од месецот, но температурите значително нема да паднат.

Веќе во првата половина на декември ќе почне утринскиот мраз. Температурите ќе одат и до минус 5 наутро но дневните ќе достигнат и 10 степени.

Според сегашните прогнози, декември се очекува да биде сув месец, односно без врнежи, особено во првата половина. Температурите се очекува да бидат стабилни, односно да нема некои значителни промени. Наутро редовно ќе бидеме во минус но не постудено од 4 степени под нулата.

Пред крајот на месецот се очекува наоблачување и услови за врнежи од снег но поради високите температури снежна покривка во котлините не треба да се очекува.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ