четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотОдекна гласот на Жан Митрев: Ниту денар не е земено повеќе од...
spot_img

Одекна гласот на Жан Митрев: Ниту денар не е земено повеќе од пациентите, срам да им е на сите кои ме обвинуваат за профитерство

Клиника „Жан Митрев“ ниту денар нема земено повеќе од пациентите за време на пандемијата, дури ниту поради погрешна финансиска пресметка. И Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите, велат од приватната клиника „Жан Митрев“.

„Во 2020 година на нашите пациенти им вративме над 2 милиони евра, во 2021 година вративме 3 милиони и 200 илјади евра од аванси. За какво профитерство се зборува овде, доколку сме сакале да направиме нешто зар ќе им вратевме на пациентите 5 милиони и 200 илјади евра во време на Ко вид. Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство“, нагласува д-р Жан Митрев во соопштението.

Според него, во текот на лекувањето на пациентите ништо не е направено вон насоките и процедурите.

-Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смр тноста којашто во клиниката е ниска во време на КО ВИД. Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1738 третирани пациенти, од кои 1296 преживеале, со што стапката на успех во третманот на пациентите со компликации од Ков ид-19 во Жан Митрев клиника изнесува 74,6%, потенцирал докторот.

Во соопштението се додава дека од пациентите кои се третирале од Ков ид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

Од Клиниката истакнуваат и дека стотици странски државјани ги посетиле за време на Ков ид и за нивното лекување платиле реномирани меѓународни осигурителни компании од Англија, Германија, Италија, Швајцарија, , што според Клиниката, е показател за ревносното финансиско работење на Клиниката, а успешноста на лекувањето воопшто не било ниту тема за разговор.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ