петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСпортРазумот пред инаетот: Брегалница се раздели со тренерот Ѓорѓиоски и директорот Тонев!
spot_img

Разумот пред инаетот: Брегалница се раздели со тренерот Ѓорѓиоски и директорот Тонев!

Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски, како и со спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.

Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот низ актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки кои раководството на ФК Брегалница се одлучи да ги прифати.

Штипјани и целокупното семејство на штипските „сини“ им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера.

Брегалница во моментов се наоѓа на шестото место во ПМФЛ, а оставките доаѓаат непосредно пред настапот во четвртфиналето од Купот на Македонија каде тимот игра со Струга Трим Љум.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ