вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаСветПапата ги увери верниците: Црквата работи на борбата против педофилијата!
spot_img

Папата ги увери верниците: Црквата работи на борбата против педофилијата!

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско изјави дека црквата работи на борба против педофилијата, но изрази жалење што некои во институцијата сè уште не го сфажаат тоа јасно.

„За еден свештеник, (сексуалната) злоупотреба е како да се оди против природата на свештеникот и против својата социјална природа. Затоа тоа е трагична работа и не смееме да престанеме“ да се бориме против ова зло, изјави папата пред новинарите во авионот кој се враќаше од повеќедневна посета на Бахреин.

Папата Франциск рече дека правиме најдобро што можеме, но додаде дека во Црквата има луѓе „кои тоа се уште не го разбираат“.

– Тоа е тековен процес што го спроведуваме храбро, но не сите ја имаат таа храброст. Некои работи беа скриени, а пред скандалот во Бостон, свештениците беа префрлени во други парохии. Сега се е јасно и ние одиме напред по ова прашање, рече папата, алудирајќи на серијата скандали со педофилија во САД на почетокот на 21 век.

Папата Франциск додаде дека волјата на Црквата е сè да се разјасни и додаде дека Црквата мора „да се срами од лошите работи и да му благодари на Бога за добрите работи што ги направила“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ