сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаСпортСе огласи и судиската комисија на ФФМ: Голот на Брегалница е чист,...
spot_img

Се огласи и судиската комисија на ФФМ: Голот на Брегалница е чист, ги анализираме спорните ситуации по критериуми на УЕФА

После реакцијата од страна на Струга Трим Лум околу наводниот офсајд за првиот гол на Брегалница на дуелот од 13. коло во ПМФЛ, од каде од тимот кој е на лидерската позиција сметаат дека е офсајд (а судиската анализа покажа дека е чист), со реакција се јавија од ФФМ.

Од таму уште еднаш потенцираат дека погодокот е чист, а притоа напоменаа дека анализите се прават по сите критериуми и стандарди на УЕФА.

После реакцијата од страна на Струга Трим Лум околу наводниот офсајд за првиот гол на Брегалница на дуелот од 13. коло во ПМФЛ, од каде од тимот кој е на лидерската позиција сметаат дека е офсајд (а судиската анализа покажа дека е чист), со реакција се јавија од ФФМ. Од таму уште еднаш потенцираат дека погодокот е чист, а притоа напоменаа дека анализите се прават по сите критериуми и стандарди на УЕФА.

„Судискиoт oдбoр при ФФМ излезе сo следнoтo сooпштение. Судискиoт Одбoр при ФФМ, веќе пoдoлгo време превзема иницијатива пoсле секoе кoлo oд Прва и Втoра лига да излезе сo кoмплетна стручна анализа на спoрните мoменти за кoи фудбалската јавнoст има прашања и да ги објасни на стручен начин водејки се исклучиво по УЕФА и ФИФА критериуми на судење. Се анализираат сите можни судиски ситуации.

Во анализата која излегува во јавност, водена исклучиво по УЕФА критериум после секое одиграно коло, влегуваат само спорните ситуации кои би биле на штета на натпреварпт, а тоа се: -Постигнат погодок (гол) или не постигнат погодок (гол) -Очигледна шанса за гол или Ветувачка акција -Директен црвен картон или жолт картон -Прекршок за казнен удар (позиција на рака, интезитет…)

-Офсајд или Онсајд Останатите анализирани судиски одлуки спорни ситуации (критериуми при доделуваое на жолт картон, движење, поставување, авторитет и.т.н. се комплетираат во видеп матерјали (клипови) и на сите следни судиски едукативни семинари кои Судиската организација ги одржува со сите фудбалски судии од Македонија го изедначуваме критериумот ИСКЛУЧИВО во согласност со УЕФА и ФИФА критериумите. Судискиот Одбор при ФФМ, со својата стручност и искуство во судењето, во целост стои позади секоја излезена судиска анализа во јавноста, при тоа носена секогаш по УЕФА и ФИФА критериум и секогаш вп корист на фудбалската јавност, да бидеме транспарентни и праведни во секој поглед.

Се анализираат сите мечеви од ПРВА и ВТОРА лига со присуство на: -Контролор на мечот, кој пп завршеток на натпреварпт го има целиот меч во видео фајл и го анализира целиот меч во присуство на целата судиска екипа. -Ментор. Во целост Судиската организација ја исполнува обврската потпишана со УЕФА за менторирање на Талент судии. И Ментпрот по завршеток на натпреварот го има целиот меч во видео фајл и го анализира целиот меч.

-Видео (стрим) кпнтрола. Сите мечеви кои се стримувани на ФФМ-ТВ каналот, односно во живо пренесувани на некои од Македпнските односно Спортски тв и Јутуб канали, се контролирани од контролор и сите забелешки се координираат со контролорот односно менторот на даденипт меч.

Мислиме дека ваков начин на работа, мониторирање на еден меч со двајца односно во многу случаи и тројца контролори, многу придонесува, прво за унапредување на судењето, транспарентноста и пред се чист фудбал. За крај, еве и еден пример за анализирана онсајд ситуација на Мечот од 13. коло во ПМФЛ помеѓу Струга ТЛ – Брегалница: Анализирана од елоквентни и стручни членови на судискиот одбпр.

Притоа е земенп точнипт момент на додавање, точно повлечена линија паралелна со гол линија, каде може да се установи дека напаѓачот кој гп постигнува голпт за ФК Брегалница во 24. минута е дури и позади линијата со топката во момент на додавање и голот е регуларен. Исправна одлука на првиот помошен судија.

Судискиот Одбор при ФФМ, ќе продолжи да рабпти исклучиво по УЕФА и ФИФА критериуми од најстручни лица, за унапредување и едукација на фудбалската јавност, чесно и транспарентно и нема да потпаѓа на никакви притисоци се со цел секогаш да се заштити фудбалската игра и секогаш да победи фудбалот. Со почит, Судиски Одбор ФФМ“, стои во соопштението на Судискиот одбор при ФФМ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ