четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаБалканСамо чкорче фали на „буре барутот“ во Балканот: Српскиот министер потврди -...
spot_img

Само чкорче фали на „буре барутот“ во Балканот: Српскиот министер потврди – Вучиќ нареди војската да биде во сосотојба на готовност!

Новите тензии меѓу Белград и Приштина повторно дојдоа до израз откако на полноќ истече рокот што го постави косовската влада за спроведување на одлуката за замена на регистарските таблички издадени од Србија што ги користат Србите на Косово.

Вучевиќ во гостувањето на ТВ Хепи рече дека Србија се залага за дијалог, но и дека армијата е подготвена да ја изврши секоја наредба на претседателот Вучиќ, кој според Уставот е нејзин врховен командант, за да ги заштити „сите државјани на Србија, вклучително и Србите на Косово“.

„Србија е за дијалог. Подобро е да се преговара илјада дена отколку да се биде во рововите еден ден“, рече српскиот министер за одбрана објаснувајќи ја зголемената подготвеност на српските вооружени сили.

Тој предупреди дека кога Србија зборува за мир и стабилност, тоа не значи дека е слаба или кукавичка, бидејќи нејзината армија е многукратно посилна отколку што била, туку постапува според наредбите на шефот на државата.

Српските власти инсистираат дека намерите на Приштина не се во согласност со досега постигнатите договори и дека Косово ги игнорирало препораките на Брисел и Вашингтон.

Владата на Косово на 29 јуни донесе одлука да ги отстрани сите таблички издадени во Србија за градовите во Косово и да ги пререгистрира тие возила со таблички на Република Косово (РКС) и дека примената на оваа одлука ќе започне на 1 август , што предизвика тензии на северот на Косово, претежно населен со Срби.

По протестите на Србите и блокадата на граничните премини, косовската влада постави нов рок до 31 октомври, а минатата недела косовските Срби изјавија дека ќе ги блокираат патиштата доколку тоа се случи.

Соединетите Американски Држави, во соопштението од Стејт департментот во петокот, велат дека се „разочарани и загрижени“ што косовската влада ги одбила барањата на меѓународните партнери за продолжување на рокот за стапување во сила на одлуката за регистарски таблички.

Косовската влада, три дена пред истекот на рокот, одлучи да не се откаже од одлуката, туку да ја спроведува етапно, и покрај барањата на ЕУ и САД да чекаат уште 10 години пред да ги заменат српските плочки со РКС (Република Косово).

Според ова, одлуката треба да стапи во сила, но нејзиното спроведување, во однос на контрола и евентуално казнување, се одложува за јануари или април.

Белград и Приштина се обидуваат да ги нормализираат односите во повеќегодишен дијалог.

Во последниве месеци, дипломатската активност на ЕУ и САД е интензивирана за да се олесни и забрза процесот што ќе резултира со заемно прифатлив договор што Косово го гледа како признавање и членство во ОН и меѓународните тела, додека Белград одбива да ја признае независноста на Косово прогласена во 2008 година.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ