четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСОУ „Коле Нехтенин” добива целосна реконструкција - Нашите ученици заслужуваат најсовремени стандарди...
spot_img

СОУ „Коле Нехтенин” добива целосна реконструкција – Нашите ученици заслужуваат најсовремени стандарди (ФОТО)

Веќе се отпочнати градежните активности за целосна реконструкција на тоалетите во СОУ „Коле Нехтенин”.

Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, извршена е промена на целокупната електрична инсталација, поставени се нови санитарни елементи, како и целосна реконструкција на подот, ѕидовите и плафонот.

Со ваквите проекти значително ќе се подобрат условите за реализација на наставниот процес, согласно најсовремените стандарди и потреби на учениците.

Овој проект е во вредност од 2.600.000,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ