петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСлавјанка повторно „крена рака“ на Путин: Македонија ќе продолжи да ја поддржува...
spot_img

Славјанка повторно „крена рака“ на Путин: Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина во одбраната на нејзината независност и сувереност

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ја отвори регионалната конференција „Војната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот”, која ја организира Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Министерката Петровска истакна дека НАТО е согласно дека поддршката за Украина ќе продолжи зашто оваа земја се брани и се бори да го зачува меѓународното право засновано на правила. И Македонија на дело покажа дека е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, не за војната да се оддолжи, туку за независна и суверена Украина да може да се одбрани од агресијата врз неа.

„Ние ја осудивме руската агресија врз Украина и дадовме целосна поддршка на украинскиот народ во одбрана на својата независност која вклучуваше не само политичка, туку и конкретна техничка помош и воена опрема. Три одлуки беа донесени, во фаза сме на договарање на четвртата, таа наскоро ќе биде донесена. Споредено со нашите капацитети и големина, припаѓаме во групата на земји кои најмногу ја помогнаа Украина во нивната праведна одбрана од агресијата. Тоа го направивме затоа што веруваме во принципите на меѓународното право кое не дозволува воена агресија на една земја врз друга“, рече министерката.

Петровска се осврна и на бројните предизвици со кои се соочуваме денеска, особено енергетската криза која влијае на сите аспекти на живеењето. Кога енергенсите стануваат оружје чија цел е да се скрши поддршката за Украина, подвлече, ние мораме да бидеме уште посилни и понапорно да работиме да ја намалиме зависноста од оваа закана во иднина.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ