петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНови, млади и талентирани: Првата вечер на „Макфест“ покажа дека македонската естрада...
spot_img

Нови, млади и талентирани: Првата вечер на „Макфест“ покажа дека македонската естрада има иднина (ФОТО)

Верниот сопатник на македонската поп музика, реномираниот фестивал на забавни мелодии „Макфест” синоќа во Штип по 37-пат ги отвори страниците на својата музичка лектира, во која ќе бидат запишани нови поп хитови по низата антологиски евергрини што фестивалот ни ги подари во изминативе речиси четири децении.

Со нов концепт, „Макфест” годинава нема натпреварувачки карактер и како што соопштија од организацијата на чело со уметничкиот директор Роберт Саздов, целта е да се испеат рефрени кои ќе се паметат.

Првата вечер на овогодишниот Макфест, помина во духот на млади и надежни имиња на македонската естрада.

Првата вечер „Макфест” во најголем дел беше посветен на помладата генерација музичари и ни го презентираше новиот потенцијал на домашната поп сцена, па имавме прилика да слушнеме жанровски различни песни, од балади преку салса до нумери со модернистички предзнак.

Ова се шесте изведувачи кои обезбедија пласман:

1.Блеа-Благица Ѕунзуровска

2.Марија Атанасова

3.Боно и Кристина

4.Марија Спасовска

5.Александар и Балкан Бенд и

6. Мелани Тарчуловска,

Овие имиња и веќерва ќе имаме можност да ги погледнеме, кога на сцената на Макфест ќе настапат и едни од најпознатите имиња на македонското музичко ѕвездено небо.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ