вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsТрадицијата продолжува: Македонската естрада по долго време ќе се собере на едно...
spot_img

Традицијата продолжува: Македонската естрада по долго време ќе се собере на едно место – Штип од вечерва ќе живее во ритамот на „Макфест“

Во Штип викендов ќе се одржи Фестивалот на забавна музика „Макфест“. На денешната прес-конференција беше истакнато дека на фестивалот ќе има познати музички имиња, но и млади таленти.

– Овој викенд целата македонска естрада ќе биде во Штип, на единствениот фестивал на забавна мелодија. Ќе настапат доста познати музички имиња, но и нови млади таленти кои ќе се промовираат на македонската музичка сцена, вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

На „Макфест“ оваа година нема да се доделуваат  награди, наместо да биде од натпреварувачки карактер целта е да излезат квалитетни и рефрени кои ќе се паметат.

Според уметничкиот директор, Роберт Саздов, публиката ќе биде побогата за уште едно фестивалско искуство.

– Сигурен сум дека подготвивме еден нов модерен динамичен фестивал, одлични изведувачи, многу добар избор, имавме малку и среќа и мислам дека публиката ќе биде побогата за едно ново големо фестивалско искуство, вели Саздов.

Оваа година „Макфест“ е финансиран од страна на Општина Штип со пет милиони денари, а спонзори, поддржувачи и пријатели на Фестивалот со еден милион денари.

Јорданов истакна дека средствата кои биле понудени од страна на Министерството за кутура во износ од 400.000  денари биле одбиени, бидејќи, подвлече, овој фестивал заслужува повеќе.

-Неколкупати досега сме споменале дека со домаќинско работење средства има за сѐ, и за капитални инвестиции, но и за еден сегмент во културата, во спортот. Средствата кои се определени за „Макфест“ се доволни за да се организира овој фестивал на едно ниво на кое поскауваме. „Макфест“ оваа година ќе се одржи на 21 и 22 октомври, петок и сабота во Центарот  за култура  „Ацо Шопов“- Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ