сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаАнета Наковска „распали“ по Салиу: Имај доблест и покажи ја истата храброст...
spot_img

Анета Наковска „распали“ по Салиу: Имај доблест и покажи ја истата храброст и за Албанците кои зимаат плата, а не работа никогаш не се појавени

Познатиот македонски новинар Фуркан Салиу повторно се најде во центарот на медиумското внимание поради сторија што ја објави во јавноста.Како што на многумина веќе ви е познато, тој ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала како директорка и доктор.

Според тоа што се слуша на видеото Софијанова добивала плата месечно од клиниката од кои 190 000 денари се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа.Односно за кои Салиу бараше да се изврши увид во видео камерите за да се види дали била присутна во деновивите кога се заведени дежурставата.

Реакцијата на Софијанова која ја сними, очекувано не беше добро прифатена од нејзина страна, а меѓу другото прашуваше и од каде му тие информации.Оваа тема и сторија и тоа како денес откако се појави во етерот е коментирана и споделува, а за истата се огласи и позната наша пејачка.

Имено линк од оваа сторија на својот фејсбук профил сподели нашата позната пејачака Анета Наковска која имаше порака до авторот на сторијата, поточно новинарот.

Оопааа!!!Убаво ќе биде ако овој новинар Фуркан Салиу има доблест да ја покаже истата храброст и праведност и за многуте Албански граѓани кои се вработени и си зимаат плата а на работа никогаш појавени. Лека полека секој ќе си плати за се,добро е што почна од некаде…Само е прашање на време кога ќе се отвори Пандорината кутија

Ќе биде страшно бидејќи премногу ужаси ќе излезат на виделина…во однос на тие работи…

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ