петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМаричиќ со нова провокација до Москва: Македонија прва од регионот се придружи...
spot_img

Маричиќ со нова провокација до Москва: Македонија прва од регионот се придружи на санкциите кон руската агресија врз Украина, тоа покажува дека сме партнер на ЕУ

Македонија вчера доби позитивен годишен извештај на ЕК за 2022 година. После направениот преглед и анализа од Секретаријатот за европски прашања, ме радува што можам да кажам дека имаме одржливи реформи, препознаен напредок и ни претстојат нови можности, вака вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ го започна својот говор на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир по повод добиениот извештај од Европската комисија.

Вицепремиерот информира дека Македонија најдобро стои во регионот во кластерот Фундаментални вредности, кој е најважен за динамиката на преговорите, но исто така и во кластерот Ресурси, земјоделство и кохезија.

‘Имаме стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата што треба да биде поттик повеќе за сите нас од денес до наредниот извештај на ЕК. Македонија беше прва од регионот која се придружи кон сите осуди, санкции и рестриктивни мерки поврзани со руската агресија на Украина, со постигнување на 100-процентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Овој чекор покажува дека земјата е кредибилен партнер на Унијата, посочи Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ