петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСпортОд кал да е – шчипјанец да е - Миовски доминира во...
spot_img

Од кал да е – шчипјанец да е – Миовски доминира во Шкотска: Херојот на Абердин со нови два гола во само едно полувреме

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски веднаш по завршувањето со репрезентативните активности, повторно дрма во шампионатот на Шкотска со нови два гола по само едно полувреме на дуелот за Абердин.

Во 9. коло од шкотската Премиерлига, Абердин има водство од 3-1 против Килмарнок.

Миовски најпрво во 24. минута се избори за пенал, а потоа и самиот беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за водство од 2-0 во тие моменти за Абердин.

Откако гостите успеаја да постигнат погодок, потоа повторно Миовски со својот втор гол во 45. минута донесе 3-1 за својот тим. Бојан Миовски, со најновите два погодоци, има вкупно седум гола досега во првенството во Шкотска.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ