среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЖив или мртов, надлежните да го најдат мојот син, вели таткото на...
spot_img

Жив или мртов, надлежните да го најдат мојот син, вели таткото на кумановецот кој падна со „Голф“ во Вардар (ВИДЕО)

Три дена ни трага ни глас од возачот на автомобилот марка „Голф“ кој падна во реката Вардар кај тетовско Желино. Денеска таткото на 21 годишното момче преку ТВ21 побара институциите да го најдат неговиот син.

„Жив или мртов, институциите да го најдат мојот син“, порача таткото кој е на местото од каде беше изглечен автомобилот.

Од ЦУК доцна вчера информираа дека екипите на ЕБР и ДЗС се повлечени поради немање на услови за понатамошно пребарување на теренот.

„Ситуацијата при потрага по возачот од возилото што излета во реката Вардар кај село Желино продолжува да се следи, но е непроменета – засега не пронајдено тело во реката. ЕБР се повлече во 16.00 часот, бидејќи екипата нема услови за понатамошно пребарување, а истотака и ДЗС се повлекува од лице место, како и некои членови на семејството на исчезнатото лице се повлекле од лице место. За секоја нова добиена информације ќе бидетет известени“, рекоа вчера од ЦУК.

https://fb.watch/fRdE0V6VFC/

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ