четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаСветТрагедија во Русија: Вооружен маж уби најмалку деветмина, а повреди дури 20...
spot_img

Трагедија во Русија: Вооружен маж уби најмалку деветмина, а повреди дури 20 деца во училиште

Според првичните информации, напаѓачот се самоубил, а од полицијата потврдуваат дека загинале девет лица Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија, соопшти прес-службата на тамошното Министерство за внатрешни работи.

Според првичните информации, напаѓачот се самоубил, а од полицијата потврдуваат дека има загинати лица.

„Полицијата веднаш го пронашла телото на човекот што отворил оган. Тој наводно извршил самоубиство. Во овој момент се знае дека во неговиот напад загинале девет лица, а околу 20 се повредени. Информациите се прецизираат“, се вели во соопштението.

Меѓу загинатите има двајца наставници и двајца работници од обезбедувањето. Персоналот и учениците се евакуирани од училишната зграда, соопштуваат руските власти.

Училиштето се наоѓа во центарот на градот со околу 650 000 жители, во близина на зградите на централната власт.

Престрелката се случила во училиштето број 88, во кое има речиси 1 000 ученици и 80 наставници.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ