четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБугарија ги олеснува мерките за влез од 1 февруари
spot_img

Бугарија ги олеснува мерките за влез од 1 февруари

Бугарија ги олеснува мерките за влез на нејзина територија од вторник, 1 февруари. Министерството за здравство на Бугарија реши дека од вторник во Бугарија ќе може да се влезе од земји во кои заболувањето е помеѓу 500 и 5000 на 100,000 луѓе. Граѓаните од овие земји треба да поседуваат сертификат за вакцинација, ПЦР или антигенски тест или доказ за прележан ковид. Со оваа одлука се поништува барањето за поседување на дополнителен ПЦР тест, заедно со сертификатот. Во бугарскиот список на држави се воведува темно-црвена зона на земји, во која влегуваат сите земји во кои заболувањето е над 5000 на 100,000 луѓе. Македонија влегува во земјите за кои е олеснето влегувањето во Бугарија и македонските граѓани од вторник ќе може да влезат со сертификат за вакцинација, ПЦР или антигенски тест или доказ за прележан ковид. Се известуваат граѓаните и дека од 1 февруари влегува во сила европската регулатива со која се воведува дата на валидност на сертификатите за вакцинација, односно не треба да се поминати 270 денови од последната вакцина. За луѓето со аплицирана трета доза нема да важи рок на валидност на сертификатите за вакцинација.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ