среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Наместо „Циганско лето“, денеска во Македонија ќе го имаме првиот...
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Наместо „Циганско лето“, денеска во Македонија ќе го имаме првиот снег!

Метерологот Славчо Попоски секојдневно дава свои метео прогнози, па според она што тој денеска го објави на својата фејсбук страна, до крајот на денот можеме да го очекуваме и првиот снег во Македонија за сезонава и тоа на Шар Планина.

Инаку, според извештајот на УХМР времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умeрен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево со постепен пораст на дневната температура.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ