четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаМакедонија во шок: Кавадарчанец-макро ја продавал малолетната девојка, а парите од сексот...
spot_img

Македонија во шок: Кавадарчанец-макро ја продавал малолетната девојка, а парите од сексот ги трошел сам!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело „Посредување во вршење проституција“ од член 191, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот во текот на последните два месеца ја врбувал и наведувал на проституција неговата малолетна девојка. Тој преку нејзиниот профил на Инстаграм до кој имал пристап, пишувал во нејзино име и договарал средби со повеќе лица. Потоа ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства, а парите да му ги дава на осомничениот.

Од Јавното обвинителство посочуваат дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците. Поради тоа надлежен јавен обвинител предложил да му биде определена мерка притвор

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ