четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМагазинЖивотНови црни рекорди во „Северна“: Македонија е европски лидер во поскапувањето на...
spot_img

Нови црни рекорди во „Северна“: Македонија е европски лидер во поскапувањето на лебот

Во август цената на лебот во Европската Унија била во просек за 18 отсто повисока отколку во истиот месец од 2021 година, покажуваат податоците на Канцеларијата за статистика на ЕУ (Евростат). Тоа претставува огромен пораст во однос на август минатата година, кога цената на лебот беше во просек за три отсто повисока од 2020 година.

Цените на маслата и мастите за јадење нагло пораснаа, но значително поскапеа и важните производи како лебот, месото и зеленчукот. Ова стана особено изразено по почетокот на конфликтот во Украина, кој значително ги вознемири светските пазари, бидејќи Русија и Украина се главни извозници на житарки, пченица, пченка, маслодајни семиња (особено сончоглед) и ѓубрива.

Некои земји од Европската Унија беа многу повеќе погодени од поскапувањето на лебот отколку другите земји-членки. Највисока просечна стапка на пораст на цената на лебот во август е забележана во Унгарија (+66 отсто), потоа Литванија (+33 отсто), Естонија и Словачка (и двете +32 отсто).

Од друга страна, лебот најмалку поскапе во август во Франција, за осум отсто, потоа во Холандија и Луксембург, во двете земји по 10 отсто.

Сепак, Македонија е далеку над овој европски просек. Во земјава, векна леб од 25 скокна на 50 денари што е поскапување за 100%, или 3 пати повеќе од Литванија, Естонија и Словачка дури 10 пати повеќе од Холандија и 12,5 пати повеќе од Франција.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ