четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаПутуј Европо: „Македонија поголема од Кина“ - Со воз од Скопје до...
spot_img

Путуј Европо: „Македонија поголема од Кина“ – Со воз од Скопје до Велес се патува три часа, патниците револтирани

Локалниот патнички воз од Скопје за Велес, два и пол часа бил расипан и стоел на отворена пруга, пред железничка станица Зелениково. За ова алармираа патниците од возот, кој 150 минути чекал локомотива да го повлече возот. Поради ова блокирани биле двата пладневни патнички воза за Скопје и за Битола, пишува порталот СДК.мк

„Возот тргна во 13.20 часот и во 10 минути до 14 часот застана на влезот од железничка станица Зелениково. Два и пол часа чекавме додека дојде локомотива од Трубарево. Таа нè истурка до станица Зелениково. Потоа ќе го чекавме патничкиот воз од Скопје за Битола кој тргна во 14.30 часот и стоел во станица Драчево, додека се ослободи пругата“, вели патник, кој ги користел услугите на овој воз, а пренесува СДК.мк

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ